Connect with us

Македонија

Коалицијата „За европска Македонија“ денеска во Демир Хисар, Охрид, Струмица, Прилеп и Струга

Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Демир Хисар, со почеток од 18:00 часот. Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на Кичево на градскиот плоштад, со почеток  од 20:15 часот.

Почнувајќи во 11:00 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на панел дискусија со германскиот државен секретар за Европа Михаел Ротх на Античкиот театар во Охрид. Попладнето, со почеток во 17:00 часот, МНР Димитров ќе разговара со охриѓани со општинската сала.

Од 15:00 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде со граѓаните на Струмица.

Од 14:00 часот министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со тутунарите и земјоделците во општина Прилеп a министерот за здравство, Венко Филипче со граѓаните на Струга од 12:00 часот.

Актуелно