Connect with us

Македонија

Анкета: 63,6% ќе излезат на референдум од кои 67,3% ќе гласаат „За“

На престојниот референдум ќе излезат 63,6 отсто од граѓаните на Македонија, а 67,3 проценти од нив се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, покажува најновата анкета што ја спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

Според анкетата, која е направена од 1 до 10 септември годинава, а во која учествувале 1.218 испитаници во сите шест изборни единици, на референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните. 16,4% не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција.

Дури 86,7 отсто сметаат дека македонските граѓани независно од етничките и политичките разлики, треба да покажат единство кога е во прашање полноправното членство во ЕУ и НАТО, а 79,8 проценти мислат дека евроатлантската интеграција е правилна стратешката ориентација на државата.

Актуелно