Connect with us

Македонија

И руска телевизија поднела барање за набљудување на референдумот

Државната изборна комисија денеска на седница ќе ги разгледува и усвои барањата за добивање овластувања за набљудување на референдумот 2018 година.

Помеѓу поднесените барања има и од руската телевизија „Канал 24“. Останатите барања се поднесени од Амбасада на Република Албанија, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Национален ромски центар Куманово, Амбасада на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ ОДИХР (дополнување), Фондација за спасување на Земјата (дополнување), Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ Скопје и  ЦИВИЛ – Центар за слобода (доолнување).

На дневниот ред на седницата се и предлог Упатството за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи, предлог Упатство за гласање, како и за важечки и неважечки гласачки ливчиња на Референдум на државно ниво.

Актуелно