Connect with us

Македонија

Тројца сведоци за Сончев град ќе бидат приведени зошто не се појавиле на судењето

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот на СЈО „Топлик“, со сослушување на сведоци. Првоосомничен во овој случај е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој се товари за продажбата на државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град во Сопиште.

Судијата Осман Шабани на почетокот кажа дека за денешното рочиште освен двајцата присутни сведоци, биле уредно поканети уште тројца сведоци кои не се присутни и за следното рочиште ќе бидат приведени.

Првиот сведок што денеска сведочи била вработена во секторот за управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски и била заменик член на комисијата за јавно надавање за изградба на државно земјиште.

На прашања од СЈО кажа дека како заменик член на комисијата учествувала на состанок каде била разгледана доставената документација, која била некомплетна, поради што било донесено решение да не биде објавена. Констатирале дека не е комплетна и не може да се даде на јавно надавање. За тоа бил составен и записник.

Актуелно