Уставен суд во среда ќе разледува иницијатива за оспорување на одлуката за референдумот

Уставниот суд во среда ќе ја разгледува Одлуката за распишување на референдум бр. 08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/2018).

Седницата на Уставниот суд на Република Македонија е закажана за 19.9.2018 година, со почеток во 9:30 часот, а се разгледува една од иницијативите за оспорување на одлуката за распишување на референдум е поднесена од политичката партија „Левица“.

„Нашиот правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита бидејќи таа не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, велат од Левица.