Connect with us

Македонија

Уапсени две лица за кои била распишана меѓународна потерница

На 13.09.2018 година полициски службеници од СВР Куманово од слобода ги лишиле лицата С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од с.Руница, општина Липково.

За С.М.(45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.

За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.

Актуелно