Connect with us

Македонија

Бачев: Власта е во паника оти референдумот нема да успее

Караванот на Кризниот штаб против референдумот синоќа во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ беше на средби со граѓаните на општините Гостивар и Кичево.

Пред тиресетина насобрани граѓани, Бачев ги повика гостиварци и кичевчани да не излегуваат на референдумот бидејќи само на тој начин на 30 септември ќе се сочувала Македонија.

– Марионетската власт е во очај и паника оти референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги налик на она за бесплатно здравство и образование во сите земји членки на ЕУ. Не му верувајте на триото Заев, Шеќеринска и Димитров како македонци со изгубено национално чувство кои сакаат членство во НАТО оти знаат дека НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот. НАТО не го интересира грабежот, туку само сака послушни политичари кои ќе му служат верно. Сите заедно да се обединиме и сплотиме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на Македонија и Македонците и затоа мора да ја добиеме оваа битка. Најново, и Уставниот суд на 19 септември ќе расправа за референдумот, и власта веќе притиска одлуката за референдумот да се укине и на тој начин Заев да го избегне големиот срам кој се обиде да го наметне бидејќи последната владина интерна анкета покажала дека 80 отсто од граѓаните го бојкотираат референдумот, рече Бачев.

Актуелно