Connect with us

Македонија

Бегалецот Гампер за Ден: Не сум платил ни евро на старата влада, лажат

Сопственикот на Секјуриком, Волфганг Гампер преку кратка изјава за Ден рече дека власта го местела него и неговите фирми.

Иако му испративме повеќе прашања во врска со Секјуриком, дали фирмата ќе се затвори бидејќи вработените три месеци немаат земено плати, ниту пак имаат здравствено осигурување, но и како и зошто избегал од државата ако како што тој тврди, не е виновен, Гампер не одговори на ниту едно прашање, туку на мејлот единствено ни врати:

 

„Никогаш не сум платил ниту едно евро на некој од старата влада. Сакаат да ми ги уништат фирмите и лажат“.

 

 

Во меѓувреме, како што дознава Ден, фирмата на Гампер се сели од своите простории од Мал ринг во Центар во помали простории во Кисела Вода, а вработените се плашат за своите пработни места поради сите случувања со Секјурком и сопственикот. Од фирмата, како што велат нашите извори, не им даваат никаков одговор што ќе се случува и дали над 1.000 вработени ширум целата држава ќе останат без месечни приходи.

Инаку, бегалецот Волфганг Гампер, кој сега се наоѓа во Австрија, остана без пасош откако финансовата полиција на прес конференција објави дека поднела кривична пријава против него и екс директорот на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски за тендерите кои Секјуриком ги добиваше за обезбедување, чистење, тековно одржување и дактилографски услуги за државните објекти.

Ден испрати прашања и до Министерството за внатрешни, од каде велат дека распишувањето потерница за Гампер е надлежност на Обвинителството. Судот ја преиначи мерката за претпазливост кон него откако тој иако без патна исправа избега од Македонија.

Александар Тодески

Актуелно