Connect with us

Македонија

Одбиено барањето, Кацарска продолжува да суди за крвавиот четврток

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев не го прифати барањето судијката Добрила Кацарска да биде изземена од судскиот процес за настаните од 27 април.

По паузата која беше дадена за Џолев да може да одлучи Кацарска му врачи писмена одлука на адвокатот Антонио Апостолски во која стои дека неговото барање за смена на судечкиот совет во овој предмет е одбиено.

Судијката Кацарска кратко образложи дека барањето е одбиено бидејќи во оваа постапка нема оштетени лица, туку има само лица кои имаат статус на сведоци.

Актуелно