Connect with us

Свет

Дачиќ: Решение за косовското прашање не е на маса

Решение за косовското прашање не е на маса, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на форумот „Безбедносни предизвици за Западен Балкан и Србија“, додавајќи дека до решение треба да се дојде трпеливо.

Тој наведе дека идејата за разграничување е опција која јавно ја истакнал српскиот претседател Александар Вучиќ и оти таа допрва треба да биде предмет на разговори.

„Бидејќи објективно, разговорите не се придвижени во смисла на конкретизација, туку се изнесуваат идеи и опции. Не треба да се споменува Пандорината кутија, која е отворена со признавањето на Косово и овој аргумент сега не држи вода“, истакна Дачиќ.

Дачиќ рече дека Србија е заинтересирана за стабилноста во регионот и оти ја поттикнува соработката „која напредува, но од неколку причина таа оди и неколку чекори наназад“, рече Дачиќ.

Актуелно