ФОТО: Вработени од Секјуриком на протест пред Влада зошто во седиштето на фирмата немало никој

Неколку вработени од австриската компанија Секјуриком денеска излегоа на протест пред Владата поради 3 неисплатени плати.

Ден претходно извести дека од фирмата должат 3 плати, како и дека вработените немаат здравствено и пензиско осигурување. Одговор за судбината на вработените, кои се сомневаат дека ќе останат без работа побаравме директно од сопственикот Волфганг Гампер, кој преку мејл не одговори на тоа, туку единствено рече дека власта го мести и оти тој е невин за случајот во кој тој е второосомничен, а првоосомничен е екс директорот на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски.

Од СОЗР велат дека навремено се префрлени парите кон фирмата, а за што и како фирмата ги троши финансиите, тие не се надлежни да проверуваат.

Вработените за Ден велат дека излегле на протест пред Владата бидејќи во седиштето на Секјуриком немало никој. Сега, кога не знаат зошто просториите во Мал Ринг во Центар се празни, велат единствено место каде што можат да протестираат е Владата. Како што претходно известивме, фирмата се пресели во нови простории во Кисела Вода, но вработените не знаат каде точно се наоѓа новото седиште.

Ова не е прв пат од фирмата да доцнат со плати. Истото се случува од почетокот на годината, но доцнењето зачести откако Финансовата полиција покрена истрага против Секјуриком и Доневски.