Возач починал откако изгубил контрола на улица во Скопје

На 25.09.2018 година во 02,27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ Д.К.(18) од  Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што Д.К. починал на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, извршен е увид на местото на настанот.