Работник паднал при реконструкција на кров во Прилеп

Вчера во времето од 08,00 до 09,00 часот во Прилеп во хала на фирма лоцирана на улица „Александар Македонски“ при реконструкција на кровната конструкција, А.Д.(38) од село Бороец, струшко, паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот во присуство на инспектор за заштита при работа од Министерство за труд и социјална политика.