Connect with us

Македонија

Јанушев: Џафери да овозможи собраниски набљудувачи за референдумот

Талат Џафери, во име на Собранието на Република Македонија во текот на вчерашниот ден одби да номинира набљудувачи кои ќе го следат референдумскиот процес. Власта со ваквите чекори фрла огромна црна сенка врз декларативните заложби за фер и демократско изјаснување на граѓаните на претстојниот референдум, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој обвини за фалсификување на референдумот и додаде дека пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ официјално побарала од претседателот на Собранието, Талат Џафери да номинира набљудувачи.

– ВМРО-ДПМНЕ бара од ДИК во најкус можен рок – уште на денешната седница да изврши измена во Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори за референдумот. Бараме со измените да се овозможи набљудувачи да присуствуваат при целокупниот процес на референдумското изјаснување, вклучително и сумирањето и утврдувањето на  резултатите, рече Јанушев.

 

Актуелно