Камчев нуди имот тежок 14 милиони евра за да излезе од притвор

Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега, пренесува Телма.

Изворите на телевизијата велат дека станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали  Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Мислење треба да даде и СЈО.

Минатата недела на Камчев му беше продолжен притвор за Империја за нови 30 дена. Имотот и врските со странство беа дел од причините поради кои судот му го продолжи престојот во Шутка и оцени дека има и опасност од бегство но и можност да влијае на сведоци. Неколку дена подоцна има нов предлог – заложен имот процененет на 14 милиони евра како билет за излез од притвор. Ова е најголемата сума што до сега некој ја понудил како гаранција во судот, барем според тоа што е објавено во јавноста.