Вучиќ на разговори со српската Војска по формирањето на косовската Војска

Српскиот претседател и врховен командант Александар Вучиќ на непозната локација имал средба со војската на Србија и им ги кажал нивните задачи, пренесува српскиот јавен сервис РТС.

Тој заедно со српскиот министер за одбрана, Александар Вулин и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ бил на средбата за која пренесува РТС.

Вучиќ во следните три дена ќе разговара со сите единици на копнената безбедност на Србија. 

Овие средби следуваат откако денеска Косово формираше Војска. За во 20 часот, Вучиќ најавил и прес конференција.