Милевски повторно избран за претседател на ЛДП

Либерално-демократската партија на денешното седмо Изборно собрание со 294 гласа од вкупно 335 гласачи го резибра Горан Милевски за претседател на партијата. Против кандидати на Милевски за лидерската позиција во партијата беа пратеничката Никица Корубин и Мирко Спирковски, член на Централниот одбор на партијата.

Милевски по завршување на гласањето на социјалните мрежи напиша дека делегатите кои му ја укажаа довербата го обврзуваат да работи со уште поголема енергија и мотив како и да продолжи со борбата за либералните вредности и идеали.

За генерелен секретар, на Собранието денеска беше избран Боби Мојсоски актуелниот директор на КПУ „Идризово“.

Пратеничката Никица Корубин која ја загуби трката за претседателската позиција во ЛДП по завршување на Изборното собрание истана дека во иднина ќе настапува како независен пратеник во Собранието, кое деновиве треба да го разгледува предлог законот за амнестија.