Седница на Советот за безбедност на барање на Србија и Русија

Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Србија и Русија ќе одржи седница за одлуката на Приштина за формирање војска. На седницата ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по македонско време и ќе биде отворена за јавност, а на неа ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Вучиќ на вчерашната прес-конеференција изјави дека денеска во Њујорк на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се бори за Србија со сето срце.

-Се подготвувам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со „Ер Србија“ наутро и одам право на седница, рече Вучиќ.

Според него, косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ.

-Таа не може да ја загрози нашата војска, но може да го загрози опстанокот на нашиот народ. Сè тоа е спротивно на она што Тачи го зборуваше, рече тој.