Кавадарчанка е третата жртва во автобуската несреќа кај Лесковац

Третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац е 63-годишната В.К. од Кавадарци. Вчера беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.

Србија се уште води истрага за сообраќајната несреќа, а возачот на автобусот со струшки регистарски таблички, е во притвор, пренесува државната информативна агенција МИА.

Во несреќата се повредени 32 лица. Шестмина сериозно повредени лица по вчерашната трагична сообраќајна несреќа кај Лесковац се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, а осум полесно повредени се на лекување во болницата во Лесковац.