Сексуалните работнички бараат здравствено и пензиско осигурување

Сексуалните работнички кои  денеска излегоа на протестен марш бараат декриминализација на нивната работа и заштита од системот.  Ова е 10 година по ред како на тие на овој датум го изразуваат револтот поради начинот на кој нивната работа е сфатена во македонското општество.

„Апелираме до надлежните во државата да најдат начин да ја декриминализираат нашата работа. Со тоа ние ќе добиеме право на социјална и здравствена заштита. Често сме изложени на различен вид  насилство, а не добиваме никаква заштита. Kолку пати се случило нашите клиенти да не ни платат, да нè повредат физички, да нè остават со возилата голи на пат, и затоа бараме нашата работа да биде дел од системот за да ги оствариме нашите основни човекови права“, велат сексуалните работнички.

На протестниот марш кој започна од спомен куќата на „Мајка Тереза“, а заврши кај камениот мост, традицонално се носеа црвени чадори.
Организатор на настанот е здружението „Стар“. Протестот беше поддржан од други здруженија на граѓани кои се залагаат за човековите права.