Како „ексклузивката“ за Груевски раскажана од трето лице стана главна во медиумите

На еден од опозициските медиуми се појави „ексклузивно“ сведочење на бегалецот Никола Груевски за тоа како тој живее во Унгарија, како вози велосипед, но и коментари за политичките случувања откако екс премиерот нелегално излезе од границите на Република Македонија.

Оваа вест „број еден“ во речиси сите онлајн медиуми влезе и во вестите на некој телевизии, без притоа да се земе предвид дека станува збор за трето лице кое наводно раскажува за „портал“ што Груевски му пренел.

Веста долго време се појавуваше спонзорирана од овој портал, а први ја презедоа и други портали кои се во сопственост на унгарци, а за кои дел од медиумите пишуваа дека сопствениците се блиски до премиерот Виктор Орбан.

Вчера пак, два дена откако веста се ширеше на голем дел од онлајн медиумите, веста ја презеде и телевизија, која исто така има сопствеништво блиско до Орбан.

Иако оваа вест е недокажана, туку само пуштена да се шири низ јавноста, на вестите се слушна како наводно Гуревски вели дека не избегал од правдата, и дека премиерот Зоран Заев не му помогнал да избега, напротив дека тој ако можел би го удавил во капка вода.

Засега оваа вест нема лице, ниту пак има дирекна потврда дали Никола Груевски на „соговорникот“ му го кажал тоа што го пренесоа медиумите. Единствени посетители за кои се знае се двајца вработени во царинската управа, а за кои сега „третото лице“ раскажува дека имаат добиено пониски работни места.

Останува нејасно како долгогодишни уредници и релевантни медиуми набрзина и без проверка ја пренесоа оваа вест како „главна“ за време на божиќните празници, односно дали останува на онаа политика „за кликови“ или пак потпаднаа под овие непроверени вести.