Заев се договори и со Касами

Премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА, Билал Касами се договориле опозициската партија да гласа за Уставните измени, со што мнозинството сега брои 81 глас.

Според неофицијални информации, Заев останал на ставот дека нема менување на делот со кој во државјанството ќе стои „Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија“, и тоа ќе си остане исто на сите јазици.

Во секој момент се очекува да почне пленарната седница која од вчера се одложува поради преговорите на Заев и Касами.