(ВИДЕО) Јанушев: „Талир„ е чиста конструкција

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција обвини дека случајот „Талир“ е политички притисок и брутално замолчување на партијата.

– СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена не се прифатливи, вели Јанушев.

Според него, случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци.

– Промената на името и договорот со Грција не поминаа на референдум, па сега се обидуваат на секој можен начин да дојдат до пратеник плус за да покажат некаков вештачки легитимитет на она што нема никаков легитимитет од народот – промена на името. Случајот Талир е директен доказ дека СЈО и Кацарска судството се само неми извршители на наредбите на Заев и СДСМ кои имаат за цел да ја зацрнат и уништат државата. Кацарска судството е под целосна контрола на власта и се користи за политички притисок против опозиционото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Замрзнувањето на партискиот имот како и прогонот на десетици илјади членови на партијата е показател дека власта не сака опозиција, дека власта не сака некој да се спротивставува на нејзините антидржавни политики и и пречи секој елемент со државотворна македонска определба на политичката сцена, рече Јанушев.