(ВИДЕО) Поплава и можност од пожар во зградата на МРТ

Утринава во зградата на Македонска радио телевизија поради поплава се направи хаос. Од замрзнати и пукнати цевки тече вода на сите страни во влезот и на горните катови по скалите. Работи само еден лифт и е тепачка кој да го користи оти во оваа зграда на 19 ката работат многу луѓе во државни институции, пренесува порталот Досие.мк.

Видео: Досие