ФОТО: Пожар во зграда близу МРТ

Пожар избувна во стара, напуштена зграда на кривината измеѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица, во близина на реката Вардар и зградата на МРТ.

Неофицијално, пожарот избувнал од запалени материјали на кои се грееле луѓе кои преспивале во неа.

На местото на настанот имаше три возила од Противпожарната единица, но немаше полиција, која треба да го евидентира случајот.