(ВИДЕО) Бачев: Ова е план Б за спречување на промената на името

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на прес конференција рече дека вчера се случило едно од најголемите предавства во поновата македонска историја.

– Странскиот измеќар Зоран Заев и 81 пратеник извршија национално предавство врз македонскиот народ и македонската држава со изгласувањето на уставните измени со кои се брише се што е македонско. Меѓутоа, уште ништо не е готово. На денешната прес конференција го обелоденуваме планот Б. По ратификацијата на договорот од Преспа и во грчкиот парламент, според договорот Македонија ги известува сите држави-членки на Обединетите нации дека членството го продолжуваме под ново име, рече Бачев.

Според него, македонската влада прва ќе ги извести Обединетите нации за новото име, па соред него, Иванов треба да упати писмо до ОН дека се работи за невалиден договор.

– Во една таква ситуација ќе дојде до меѓународно недоразбирање и според Повелбата на ОН Иванов ќе побара тоа да биде испитано од Советот за безбедност на која седница ќе учествува и Иванов, бидејќи според Повелбата секоја членка на ОН која не е членка на Советот за безбедност, може да учествува без право на глас во расправата кога нејзините интереси се засегнати, вели Бачев кој додава дека позицијата на Иванов да се обрати во името на државата е многу посилна од Заев и владата.

Тој вели дека за неговото сценарио, потребни се две претпоставки: храброст од Иванов да го направи ова и Иванов да побара подршка од Русија и Кина а покасно и од државите кои не признаа под уставното име.

Генерално гледано, сега е најбитно да се добие во време, да проблематизира на меѓународен план овој капитулантски договор од Преспа и на крајот ќе дојде успехот. Се разбира финалето ќе дојде со новата легална власт која ќе го поништо договорот од Преспа. Претседателот Иванов мора да го направи ова и на крајот на мандатот да застане на страната на македонскиот народ. Со тоа, Иванов како претседател не губи ништо, а Иванов како личност во македонската историја ќе биде запишна на вистинската страна. За крај, Единствена Македонија го подржува барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателскте избори.