Салах го врати Ливерпул на победничките патеки

Ливерпул денес се мачеше со Брајтон, но сепак во 22-то коло домаќинот оствари победа од 1:0.

Малата резултатска криза го зафати тимот од „Енфилд“ после поразот на „Итихад“ од Манчестер Сити и елиминацијата од Вулверхемптон во купот, но тимот на Јирген Клопденес се врати на победничките патеки.

Embedded video

Mohamed Salah breaking the deadlock with a penalty won by himself. 7065:09 PM – Jan 12, 2019140 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Не им беше лесно во Брајтон, но победата ја обезбеди Мохамед Салах со голот од пенал во 50-тата минута. Така Ливерпул одново има плус седум во однос на Сити, со тоа што „граѓаните“ ги очекува натпревар против Вулвс.