Утре повторно ќе врне снег

Денеска времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови на земјава.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.