Димитров: Добив уверување дека грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот

Фото: Архива

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на прес конференција во Владата истакна дека по веста за оставката на Панос Каменос, разговарал со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос, кој го уверил дека грчката Влада останува посветена на целта да ја заврши ратификацијата на договорот од Преспа.

Инаку, денеска по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Каменос најави дека си заминува од владата поради договорот од Преспа, како и дека ќе ги исклучи од партијата сите оние пратеници кои ќе гласаат позитивно за ратификација на договорот.