ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, ајде на избори

Секој нормален и чесен Македонец е разочаран заради продажбата на националните интереси и губењето на името, идентитетот, историјата и културата за кои со векови се бореле нашите предци. Само криминалниот картел на чело со Зоран Заев се гордее и слави дека ја преименувал сопствената земја, Република Македонија, пишуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакија на прес-конференцијата на портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов.

Тие велат дека Костадинов е дел од екипата Заев која според нив, без срам и перде ја погазила демократијата и ја погазила народната волја и го промени уставот и уставното име.

„Оваа одлука за која и самиот Костадинов гласаше го менува името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата. Тоа што Костадинов се радува на оваа негова одлука само говори за нивната зебеганост и отуѓеност од народот. Оваа власт нема никаква врска со европските вредности, а уште помалку има капацитет да донесе економски просперитет. Тие единствено што знаат е да делат евро за Вицето, тендер за Анѓушев, да ја вработат мајката на Костадинов во државни институции, да ги вработат синовите и ќерките за дебели хонорари“, велат во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија повторно велид ека се лажни ветувањата за поврат на ДДВ, повисоки плати, повисок стандард, подобро образование, здравство и социјална заштита.

„Очигледно дека повторувањата на истите лаги е најава дека планираат да ги продолжат црнилата во Република Македонија, заедно со сите неуспесите, неодговорноста и црните рекорди во економијата. Единствен начин тоа да запре е да се охрабрат СДСМ и да се соочат со народот на парламентарни избори. Народот ќе  им каже што мисли за сите нивни штетни и погрешни политики“, стои во ракцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.