АА на Села бара институциите да го проверат Универзитетот на Мерко поради лажни дипломи

ДУИ години по ред, како дел од централната власт и која многу години раководи и со поголемиот дел од албанските општини, коишто имаат надлежности во образованието, со назначување на партиски директори во основните и средните училишта, честопати управувајќи и со Министерството за образование (како што е случај и сегај) ги уништи речиси сите образовни и воспитни вредности во албанските подрачја, реагира Алијансата за Албанците.

„Друг удар на ДУИ врз албанското образование во Македонија се прави и преку приватниот универзитет на членот на централното претседателство на ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку познат како Меѓународен универзитет во Струга, кој е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски. Овој универзитет познат е само по скандали, законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори додека ја вршеа својата работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко,кој секогаш се обидува да се крие зад власта, без да го почитува законот“, реагираат од Алијансата.

Од таму го споменуваат и случајот за кои пишуваа дел од албанските медиуми и во кој го споменуваат Универзитетот на Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања.

„Го повикуваме Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испита приватниот Универзитет на Рамиз Мерко за сите сомнежи кои домашната и пошироката јавност ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори“, велат од Алијансата.