(ВИДЕО) Груевски пазари во познат унгарски мол

Порталот 444.hu објави ново видео од избеганиот пратеник Никола Груевски како шета низ познат унгарски мол.

Од порталот пишуваат дека видеото го испратил читател и напишал дека е направено во саботата навечер во шопинг мол во центарот на Буимпешта во периодот кога речиси сите продавници биле затворени.

Денеска обвинителката Вилма Русковска изјави дека телохранителите на Груевски се сослушани за случајот за неговото бегство, а членови на блиското семејство не се повикани да сведочат.