Грчкиот парламент во четврток ќе гласа за договорот од Преспа

Договорот од Преспа во грчкото Собрание се очекува да биде гласан во четврток, пренесува Катимерини.

Пред тоа, почнувајќи од попладнево, ќе биде ставен на разгледување пред собраниските комисии за одбрана и за надворешни работи.

„Одлуката е донесена по дебата во комитетот за надворешни работи кој го проверуваше договорот пред да отиде на пленарна седница“, пишува меѓу другото Катимерини.