Влада: Мерките против загадувањето остануваат само во Струмица, другите градови не се алармантни

Фото: Архива

Од Владата преку соопштение информираат дека согласно податоците од ДАМСКВ, вчера среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 188  g/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Миладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.

„Прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица“, велат од Влада

Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, почнувајќи од 23 јануари се укинуваат препораките.