Продукцијата „Инсајдер“ ќе ја тужи 1ТВ: Немаме никаква врска со „Македонски Инсајдер“

Продукцијата „Инсајдер“ преку соопштение до јавноста најави тужба за 1ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13 бидејќи емисијата „Македонски Инсајдер“ која телевизијата ја најавува од септември немала никаква поврзаност со „Инсајдер“ и нејзината лиценца.

„Пради поврзувањето со „Инсајдер“ кој е регионален познат формат, продукцијата „Инсајдер“ најпрво упати опомена до телевизијата, а сега се подготвува и тужба. Продукцијата „Инсајдер“ во Македонија поднесе барање за признавање на логото „Инсајдер“, односно на името и на графичкото решение и во тек е постапката за регистрација. Во тужбата која се подонесува поради повреда на правата од пријавата за логото има и барање да се одреди привремена забрана за емитување на емисија до правна разрешница на случајот“, пишуваат од таму во соопштението.

Од „Инсајдер“ велат дека преземаат правни мерки за да не се донесат ниту официјално ниту неофицијално во врска со серијалот кој го најавува 1ТВ и повторуваат дека немаат никаква врска со емисијата „Македонски инсајдер“.

Емисијата која 1ТВ ја најавува за февруари уште непочната донесе низа скандали. Освен „Инсајдер“, тужба против 1ТВ покренува и бизнисменот Зоран Азманов.

Од телевизијата пак, експресно најавија контра тужба за Азманов поради закани кон уредничкиот тим и сопственикот на телевизијата.