ЛП: Ахмети даде поддршка на идејата за дислокација на обложувалници и казина

Либералната партија поздравува и поддршката за дислокација на спортските обложувалници и казината на три километри од институциите, образовните и верските објекти, изразена од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Сугерираме предлагачот на новиот закон СДСМ, да ги проучи укажувањата од невладиниот сектор како и од коалициониот партнер во власта, и да ги имплементира во новото законско решение. На тој начин владата ќе придонесе во градење здрава нација и држава“, велат од партијата на Ивон Величковски.

Од таму додаваат дека пред еден месец, партијата барала дислокација на обложувалниците и казината надвор од наслените места, по примерот на Република Албанија.