Видеата од бегството на Груевски „автоматски се избиршале“

Иако пред четири дена беше најавено дека нашето обвинителство ќе ги добие, видео материјалите од преминот на бегалецот Никола Груевски од Албанија во Црна Гора нема да дојдат во рацете на обвинителскиот тим на Вилма Рускоска. Единствено што ќе остане како доказ се табилиците од автомобилот со кој унгарците го носеле Груевски преку земјите низ кои тој поминувал, зошто како што рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, материјалите биле избришани.

– Две службени лица престојуваа во Албанија, но не е постапено целосно по барањето меѓународна правна помош, односно снимките не се обезбедени. Има повеќе моменти во нивното образложение, едното е дека податоците се системот не може подолго време да ги чува снимките, уредите работат автоматски, рече Јовески.

Обвинителот не даде целосен одговор како снимките се избришале, ниту дали има некаков начин да се вратат со цел да се добијат снимките.

Снимките требаше да бидат доставени во петокот, но од обвинителството не испратија никакво соопштение дали истите ги добиле и што ќе се случува со нив.