Бугарија го одобри Протоколот за влез на Македонија во НАТО

Владата на Бугарија го одобри нацрт Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со таа одлука, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, пишуваат бугарските медиуми.

По потпишување на протоколот, следи усвојување во парламентите на државите, а соседна Грција, како што рече пермиерот Алексис Ципрас ќе биде првата земја која ќе го ратификува протоколот.

Бидејќи процесот на ратификација ќе се води забрзано, се очекува Македонија да стане членка на НАТО уште на самитот во јули.