ДУИ во Мала Речица ќе дебатира за претседателските избори

Централното претседателство на ДУИ во 16 часот ќе одржи состанок во Мала Речица на иницијатива на лидерот Али Ахмети, потврдуваат за Ден од партијата.

Според нашите извори, прва точка ќе биде скандалот во ПИОМ, за кој ДУИ обвини дека медиумите ја вмешале партијата.

Следната точка ќе бидат претседателските избори и консензуалниот кандидат кој ќе биде заеднички со владиниот коалиционен партнер СДСМ, но ќе се разговара и за изборот на нов лидер, бидејќи Ахмети најверојатно нема да ја води партијата од наредниот период.