Сопартијците го бранат Груевски: Неуставно е да остане без плата

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниската говорница велеа дека е неуставно да се додаде член во Законот за плати на пратениците со кој ќе му се укине платата на оној пратеник кој е осуден на затворска казна поголема од шест месеци.

-Пратеник има право на надомест утврден со Закон и Устав. Или си пратеник и имаш право или прво да го промениме Уставот. Ако сметаме дека некој пратеник не смее да зема плата има како да се реши, за тоа постои процедура. Го кршите Уставот и око не ви трепнува, рече Зоран Илијоски.

Од мнозинството пак објаснуваат дека платата не е врзана за мандатот и дека членот не е неуставен.

Измената на законот, со кој Груевски останува без плата ја изгласаа 53 пратеници „за“ и 3 пратеници „воздржани“, а ниту еден пратеник не гласаше „против“.