(ВИДЕО) Ѓорчев до СДСМ: Не ги фрлајте таблите со Република Македонија, за 5 години ќе ни требаат

Почитувани колеги пратеници од СДСМ и министри од Владата на СДСМ, би сакал да ве замолам кога ќе ги вадите таблите на кои пишува Собрание на Република Македонија, како и на останатите државни институции да не ги фрлате. Дадете ни ги нас, ќе ги чуваме на нашите покриви или подруми. . Можеби за пет, десет, петнаесет години ќе дојде време кога ние или нашите потомци ќе треба да ја дувнеме прашината од тие табли и можеби повторно ќе ја видат светлината на денот, изјави од собраниската говорница кандидатот за претседател Влатко Ѓорчев.

-Колку повеќе ни го одрекуваат името Република Македонија, толку повеќе го сакаме, ќе изгрее ново сонце на слободата. Ќе дојде денот, а ние сме тоа што сме. Кога ќе одиме на фудбалски кошаркаски, атлетски, ракометни натпревари, нашиот народ ќе скандира Македонија. Ќе ги учиме нашите деца и внуци да бидат приврзани кон ова има бидејќи тоа е она што сме ние, рече Ѓорчев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од премиерот Заев и Владата кои според него ги уништиле позициите на Македонија за името кои биле градени со векови.

-Криво ми е што ни ги срушија македонските позиции. Јасно е дека треба да има компромис, договор и преговори, но со оваа политика на неразбрани трговци се влошија, уништија македонските позиции кои беа градени со векови и децении. Тоа е историска одговорност на Владата на РМ и Зоран Заев, но ќе дојде денот и ќе продолжиме да викаме Македонија, Македонија, рече Ѓорчев.