Филип Петровски со кривична против членовите на ДИК

„Македонија-Блокира„ на 21 март, четврток, до Основното јавно 
обвинителство Скопје ќе ја поднесе најавената кривична пријава против членовите Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на Филип Петровски за претседател на Република Македонија, известуваат од таму.

Петровски за време на собирањето на потписи обвини дека наместо неговите листови, се даваат листовите за потпис за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.