Симулација на земјотрес во „Сити Мол“ направи паника кај околните жители

Фото: Архива

Противпожарно и амбулантско возило утрово биле паркирани пред трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Граѓани кои ги забележале возилата за „Ден“ сведочат дека возилата биле подолго време на местото, но немало ниту пожар ниту пак други работи кои покажувале дека нешто таму се случува.

Од противпожарната единица во Скопје велат дека се работело за вежба и дека нема простор за паника.

Пожарникарите и амбулантното возило пред трговскиот центар биле наместени како симулација на земјотрес во „Сити Мол“, но јавноста не била известена за оваа вежба, бидејќи се работи за тековни симулации.