fbpx
Connect with us

Анализи

АД Славија – Распаѓање на рати, од повеќе влади

Формирано со Одлука на Собрание на општина Кисела Вода од декември месец 1953 година, некогашниот гигант АД Славија останува да тоне додека властите не преземаат ништо за истото. Денес, АД Славија има своја веб страна, на која речиси и да нема податоци – Два видео записа за компанијата која во најголем дел е во државна сопственост и неколку зборови за самата Славија и за нејзиниот директор. Нема никакви соопштенија ниту огласи, а последниот документ од Македонската берза е излезен во 2012 година, пред речиси десет години.

Истата таа година, владата тогаш предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја стави Славија на продажба. На прес конференцијата се појави тогашниот портпарол на владата, Александар Ѓорѓиев. Тој тогаш посочи дека Славија била атрактивна за продажба, па очекувале и да се појави интерес за купување.

Славија тогаш имаше долг од 17 милиони евра, а нејзиниот имот и нејзините акции се продаваа во период од 2012 до 2017 година. Со тоа, паднала и нејзината вредност во голем дел.

Обвиниувања власт – опозиција

Најавата за продажба на Славија по цена од 200 илјади евра ги крена страстите помеѓу власта и опозицијата. Опозицијата на прес конференција обвини дека власта го продава некогашниот гигант по багателна цена, а со цел да биде купен од страна на близок соработник на СДСМ.

„АД Славија која што има вредност со целиот свој имот, со сите свои објекти од над 20 милиони евра целата фирма, власта на СДСМ, власта на премиерот во заминување Зоран Заев сака да го продаде целиот тимот, целото земјиште, сите објекти на АД Славија и целата фирма АД Славија за 218.535 евра, односно 4285 акции по цена замислете од 51 евро по акција и тоа на само 2 дена пред новата година. Никаде Владата на Република Македонија нема направено нова проценка, согласно законските обврски од Бирото за судски вештачења за да се утврди колку чини имотот, објектите и целата фирма АД Славија.“ изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Од власта пак, веднаш излегоа со контраобвинување – Дека ВМРО-ДПМНЕ ја продавало Славија на рати. Во име на државата, на прес конференција излегоа директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани и Генералниот директор на АД Славија, Блаже Зафировски.

„Она што денес не го кажуваат од ВМРО-ДПМНЕ е дека вредноста на компанијата денеска е далеку помала заради фактот што во меѓувреме, во периодот од 2012 до 2017 година, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче и тајно, по цени далеку пониски од неговата вредност. За да ја изведат на тој начин продажбата на АД „Славија“, наместо да ја понудат на продажба со акциите на берзата, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче, зад затворени врати. На тој начин по за државата неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на „Славија“, во Скопје и низ целата држава. Чисто за илустрација, голем дел од тие ексклузивни локации и дуќани денес се во сопствеништво на компанијата „Тинекс“, како и на други приватни компании. Според тоа, цената на АД „Славија“ денес воопшто не е нешто над 20 милиони евра, како што рекоа на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку многу пониска, а причината е тоа што токму владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2012 до 2017 ја распродаде „Славија“ на парче“, рече Асани.

Она што останува голема аномалија на власта пак, е фактот што тие не направиле нова проценка за вредноста на „Славија“, туку се водат од старата проценка и тогашната распродажба.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement