Ден

Ако не се најде вакцина за коронавирусот, Олимписките игри нема да се одржат ниту во 2021 година

Олимписките игри во Токио поради пандемијата на коронавирусот од 2020 се презакажани за 2021 година, но постои можност и тогаш да не се одржат.

Ова го тврди Светската здравствена организација која ја отфрла можноста најголемиот спортски настан да се одрожи доколку во меѓувреме не се пронајде вакцина за ковид-19.

Доколку се најде вакција на Ковид-19, тогаш Олимписките игри во Јапонија ќе се одржат во 2021 година. Во спротивно, не е реално да се одржат“, стоиво соопштението на Светската здравствена организација.

Сличен став неодамна изнесе и директорот на организацискиот одбор на Игрите во Токио, Тоширо Муто, кој најави дека нема гаранции дека вирусот ќе се стави под контрола до идното лето.

ИОК и организаторот претходно одлучија, Олимписките игри во Токио да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.

Можеби ќе ве интересира:

Робен размислува за продолжување на фудбалската кариера

„Ролан Гарос“ доби нов термин, почнува на 27 септември

Ракитиќ: Ако Ла Лига не продолжи, Барселона треба да биде прогласена за шампион

×

Следете не