Ден

Американската амбасада во Берлин: Србија и Косово потпишаа историска спогодба за железничка линија

Американската амбасада во Берлин го нарече „историско“ потпишувањето на изјавата за обнова на железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина.

„Амбасадорот Ричард Гренел ја отвори безбедносната конференција во Минхен со потпишување историски договор за железници и автопати меѓу Србија и Косово“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Германија во својот официјален профил на Твитер.

„Овој договор доаѓа откако минатиот месец беше потпишан последниот договор за враќање на директните летови меѓу Белград и Приштина“, соопштија од американската амбасада во Берлин.

Можеби ќе ве интересира:

Фиктивен брак со жена од Бугарија, профит до 7.000 евра

Влатко Зорба

Италијанка починала во Австрија, докторите се сомневаат дека се работи за коронавирус

Првиот случај на заразен со новиот коронавирус е регистриран и во Мадрид