Ден

Анастасија со нова балада за сите девојки кои биле повредени во љубовта (ВИДЕО)

„Ова е песна за девојките кои поминале во емотивен однос, кои нижеле грешка по грешка и доцна сфатиле што добиваат, а што губат. Со времето ќе помине болката или ќе научите да живеете со неа. Среќата е секогаш тука некаде, чека да ѝ дозволиме да се приближи. Пуштете ја. Колку и да изгледа безнадежно во некој момент, важно е да знаеме дека секого го чека неговата среќа“, вели Анастасија Ражнатовиќ во описот на својата нова песна.

Овојпат младата балканска ѕвезда одлучи да ја изненади публиката со моќна балада наменета за сите жени и девојки кои некогаш биле повредени и оставени.

Музиката и аранжманот се повторно на Дарко Димитров, додека текстот го напиша Александра Милутиновиќ.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не