Ден

Ангеловска ќе присуствува на финансискиот форум „Еуромани“

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска учествува на 25. финансиски форум на Централна и Источна Европа „Еуромани“, на панел-дискусијата на министри на која ќе бидат дискутирани влијанието на евроинтеграциите на бизнис-климата во земјата и на потенцијалните инвеститори, економските движења, како и потенцијалот на е-трговијата да придонесе во развојот на економијата.

На панел-дискусијата ќе учествуваат и министерот за финансиски политики на Унгарија Габор Гион, министерот за финансии на Романија Флорин Читу и заменик-министерката за финансии на Бугарија Маринела Петрова.

Ангеловска, исто така, ќе учествува на панел-дискусијата организирана од страна на Уникредит на тема „Фискални предизвици во изборна година“, на која ќе се зборува за јавните инвестиции, за наплатата на приходи, како и за фискалните проекции.

На маргините на форумот, Ангеловска ќе оствари средба со Јирген Ригтеринг, прв потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На средбата ќе стане збор за досегашната соработка на земјава со банката, за тековните проекти, како и за идни проекти што ЕБОР би можела да ги финансира, соопшти Министерството за финансии.

На 25. форум „Еуромани“ има над 1 000  учесници – министри за финансии, гувернери на централни банки, раководители на финансиски институции и инвеститори, меѓу кои и гувернерката на нашата Централна банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Можеби ќе ве интересира:

Сто и еден новозаразен од коронавирус, само во Скопје нови 59 случаи

Александар Тодески

Таравари: Имаме поголема смртност од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора заедно

Милошоски: Справување со коронавирусот па датум за избори

Александар Тодески
×

Следете не