Ден

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

Арсенал има намера да го задржи напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг и е во преговори со него за нов договор. Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 12 милиони евра по сезона, објави на „Твитер“, новинарот Никола Скира.

Сегашниот договор на играчот со „Топџиите“ истекува летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревара за Арсенал.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на фудбалерот на 50,4 милиони фунти.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Скарони: Утописка е можноста клубот брзо да се врати на старата слава

×

Следете не