fbpx
Connect with us

Дневно

Арсовска ги игнорира скопските угостители

Независната угостителска комора испрати соопштение во кое наведува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги игнорирала нивните барања за средби. Како што посочуваат, тие доставиле барање за средба и работен појадок до Арсовска на 25 ноември, а со цел унапредување на угостителската индустрија во градот, како и потсетување за поканата на средбата на 1 декември, но тие не добиле одговор.

Скопските угостители се обиделе да ја добијат и телефонски со цел да се добие повратна информација за барањето за предовогодишен термин за средба, но без резултат за добивање на конкретен одговор.

„Тоа нѐ води до заклучокот и прашањето за тоа со каков тоа градоначалник ќе ја развиваме угостителската индустрија во градот Скопје“, додаваат од НУК.

Според нив, разочарувачки е фактот што и покрај потсетувањето и телефонските контакти, веќе три недели нема одговорор од градоначалничката Данела Арсовска.

„Дали градоначалничката на Град Скопје воопшто планира да се сретне со претставници на НУК и со претставници на реномирани угостители или пак, своите средби ќе продолжи да ги прави позади затворана врата само со угостители членки на Сојузот на стопански комори на Македонија? Игнорантскиот однос нѝ укажува дека новата градоначалничка ниту имала ниту планира некаква програма и идеја за поддршка, развој и унапредување на работењето на градските угостители или, едноставно и просто, кажано нема намера воопшто да се замара со угостителите на град Скопје кои не се членки на Сојузот на стопански комори на Македонија“, прашуваат од комората.

Арсовска го има истиот однос и кон новинарите. Нејзините секојдневни појавувања на прес конференции на кои даваше одговори на новинарите засега се минато, односно тоа се случи на последната прес конференција како кандидат за градоначалник, кога таа прогласи победа.

Минатата седница на Советот на Град Скопје исто така се закажа набрзина, без да бидат информирани медиумите, на што реагираше и градската опозиција.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement